ФОТО: Вандали ја демолираа амбулантата во Ѓорче Петров


Потпалени и раскопани ѕидови, искршени олуци, ѓубре и отпушоци насекаде, ваква била глетката која ја забележале докторите и медицинскиот персонал од амбулантата во Ѓорче Петров два, пренесува Канал 5.

ggorce– Штом се затвори амбулантата имаме проблем со околното население, најверојатно деца, кои цела ноќ седат овде. Наоѓаме најразлични работи – од шприцови до алкохол, но најголем проблем е што се уништува објектот од надвор. Објектот е од привремен карактер, стар е 50 години, се вадат надворешните табли и работата е што стаклената волна однадвор веќе е видлива и со едно шкорче може да се дигне во воздух, вели д-р Аглаица Димова за телевизијата.

Докторите објаснуваат дека во минатото се случувало вандалите да провалуваат и во ординациите и да ги ограбуваат. Влегувале и во аптеката за наркотици.

Во овие бараки се лекуваат 20.000 пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1