Дали е ова јахтата на која со своето семејство заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска уживаше летово на луксузните грчки одмаралишта? Телевизија Нова дојде до ексклузивни снимки од јахтата АДА која и според изгледот и според името наликува на онаа што можевме да ја видиме во Егејското море, јави денес телевизија Нова, пренесува Денешен.
Во Скопје оваа луксузна јахта била сместена во хангари во скопската населба Кисела Вода на улицата „Борис Трајковски“ кои се во сопственост на фирмата Пелагонија, Токму оваа фирма е во сопственост на семејството Пановски со кое токму Радмила Шеќеринска е во исклучително блиски релации, вели ТВНОВА
Деновиве Телевизија Нова дојде до снимки на кои се гледа дека фамозната, наводно изнајмена грчка јахта всушност цело време по завршувањето на летото била и се чувала во Скопје. Медиумите уште лани пишуваа дека токму јахтата на Шеќеринска вреди повеќе од 100 илјади долари.
-Тоа што за нас беше индикативно, пред неколку дена, доцна во ноќта јахтата конспиративно беше изнесена од хангарите и префрлена на друга локација. Дали беше случајност или некој сакаше да сокрие нешто од јавноста, останува да се види во наредниот период. Токму минатата година излегоа информации и фотографии за луксузното летување на Радмила Шеќеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Името на јахтата Ада е и името на ќерката на Шеќеринска, потсетува Денешен.
Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шеќеринска и семејството уживаат на јахтата. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина и наместо да одговори на прашањата ја сврте работата кон ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи ги да седнеле јавно за да дебатираат кој со колкав имот располага.
Шекеринска во анкетниот лист нема наведено дека има луксузна јахта.