По нападот од страна на ракунот, во 2002 година, родителите на Шарлот го изгубиле старателството, а неа ја посвоиле баба и и дедо и.
Операцијата е закажана за неколку недели во болницата Бомонт во Окланд, Калифорнија, и ќе трае најмалку 6 часа, раскажува бабата на Шарлот.
– Возбудени сме и исплашени во исто време, вели таа.
Меѓутоа малата Шарлот не е воопшто нервозна. Таа точно знае што ќе се случува во операционата сала.
– Ќе ми ги средат усните, ќе ми го направат носот, можеби и увото, вели таа и додава дека едвај го чека бесплатното лижалче кое ќе го добие во болница.