Фото + Видео: Девојче конечно ќе добие лице откако претходно и го изгризал ракун


Кога Шарлота Понс била петмесечно бебе, во нејзината колевка влегол ракун и ја нападнал. Десет години подоцна, таа е подготвена за пластична операција на која целосно ќе и биде заменет носот, увото и дел од усните. Операција која ќе и го промени животот.

По нападот од страна на ракунот, во 2002 година, родителите на Шарлот го изгубиле старателството, а неа ја посвоиле баба и и дедо и.

Операцијата е закажана за неколку недели во болницата Бомонт во Окланд, Калифорнија, и ќе трае најмалку 6 часа, раскажува бабата на Шарлот.

– Возбудени сме и исплашени во исто време, вели таа.

Меѓутоа малата Шарлот не е воопшто нервозна. Таа точно знае што ќе се случува во операционата сала.

– Ќе ми ги средат усните, ќе ми го направат носот, можеби и увото, вели таа и додава дека едвај го чека бесплатното лижалче кое ќе го добие во болница.

 

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1