Синоќа на Широк Сокак се одржа традиционалната трка со штикли, во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014.
Првото место на трката на штикли на Широк Сокак ја освои Ана Јанкуловска од Битола. Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ја следеше тричлено жири во состав на јавни личности. Настанот беше исполнет и со богата музичка програма.
Во трката на штикли на Широк сокак традиционално учествуваа девојки од цела Македонија кои се натпреваруваа во две полуфинални трки и една финална трка, а годинава на стартот застанаа и познати манакенки.
Трката на штикли во Битола се организира по примерот на повеќе европски градови, како што се трките кои се организираат на улиците “Кнез Михајлова” во Белград и “Страдун” во Дубровник.