Страшна трагедија се случила во шумата “Ashawa Preserve”, кога група студенти наишле на мечка која потоа убила еден од нив.Полицијата деновиве, како што пренесува Дејли Мејл, објавила фотографии од смартфонот на жртвата.
Имено, кога стуентите се соочиле со големата мечка, тие почнале да бегаат во различни правци со што ја зголемиле опасноста. Мечката успеала да фати едно од момчињата, 22-годишен студент по информатика, по што го распарчила на некои делови изела.
Пријателите во меѓувреме успеале да се јават во полиција, а кога стигнала помошта мечката сè уште била покрај остатоците од несреќниот студент. Еден од полицајците пукал во воздухот, но мечката не заминала. На крајот полицајците морале да ја убијат.
Ова прв ваков случај во резерватот во последните 150 години, тврдат ескпертите.
Ним не им е јасно зошто мечката била толку сурова, па се сомневаат дека станува збор за беснило.
Сепак, предупредуваат дека ова диво животно најмногу било изиритирано од бегањето на студентите. Велат дека во тие ситуации најдобро е да се биде мирен. Доколку се најдете осамени во таква ситуација, најдобро е да се оддалечувате со мирни и тивки чекори.
-Кога бегате ја предизвикувате мечката да ве лови. Доколку се работи за група луѓе, тогаш треба да групата да остане целосна за да се даде впечаток дека е побројна од осаменото животно, советува експертот за мечки Дејв Гаршелис.