Фото/Видео: Затишје во Куманово – Се пребројуваат ранетите – потврда за 5 ранети полицајци


Во Куманово, каде што утринава се водеа жестоки престрелки меѓу полицијата и вооружена група, е мирно. Полека престануваат пукотниците

Четворица тешко повредени полицајци се донесени во кумановската болница, вели  д-р Драган Тасевски за „Плусинфо“. Според доктор Тасевски сите се во тешка состојба.

Screenshot_147

Сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје, пак, се под силно полициско обезбедување на специјалните сили , јавува „Телма“.

Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.

Njesiti i gruevskit ne diwnasell

Posted by Biznesi Kumanovar. on Friday, 8 May 2015

Според неофицијални информации утрината биле донесени тројца полицајци со прострелни рани од огнено оружје и се испратени во Клиничкиот центар во Скопје. Пред малку е донесен уште еден полицаец, повреден со шрапнел. И тој најверојатно ќе биде пренесен во Скопје.

Screenshot_148

 

МВР: Граѓаните да останат мирни – ВО ТЕК Е АКЦИЈА за разбивање на вооружена група

Видео: Престрелка меѓу полицијата и вооружена група во Куманово – повредени полицајци?

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1