Викторија Лоба Меѓународниот ден на трудот – 1 мај го прослави во Охрид, а продолжениот викенд го искористи за да ужива во убавините на македонскиот бисер.
Изгледа дека најголем впечаток и остави Музејот на вода од кој прикачи повеќе фотографии на социјалната мрежа Инстаграм. Младата пејачка уживаше во друштво на едно момче, за кое кружат гласини дека е нејзината посилна половина.
Видно расположената Лоба обожава да го минува времето со него, па од возење на мотор до пролетни прошетки го користи секој слободен миг за да биде со него.
Вистина.мк