Фото: Во оваа пештера како од филм на Бонд, Берлускони си правел Бунга Бунга оргии


Вилата на Берлускони на Сардинија, е локацијата каде  екс италијанскиот премиер ги собирал проститутки и старлети и  ги одржувал оргиите познати како Бунга Бунга забави.

За прв пат по 4 години од како почна да се зборува за вилата Чертоза сега излегоа фотографии. До нив дошол од анонимни извори фотографот Антонело Западу кој сега живее во Колумбија и ги објави на интернет.

Подводниот комплекс ала Џемс Бонд е изграден во 2004 година, а тогаш Берлускони тврдел дека му било наложено од тајните служби да го направи бидејќи добил бројни смртни закани.

Пештерата има базен на чие дно има спектакуларен мозаик на богот на морето  Посејдон. Целата пештера е поврзана со скали а има и директен таен премин кои излегува во морето.

Вилата Чертоза се протега на 60 хектари и своевремено ги угостила најголемите светски политичари како Тони Блер и Владимир Путин. Пештерата не е единствениот луксуз во оваа вила. Берлускони наредил да се изгради и вештачки вулкан за да ги забавува поубаво своите гости.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1