Со месарски чекан претепале геј на сред Белград


Полицијата на местото на нападот дошла за неколку минути но немало ни трага од напаѓачите, а по повик на полицијата на местото на инцидентот веднаш пристигнала итна помош која повредениот В.М. веднаш го префрлила во болница каде му била укажана лекарска помош по што настраданиот е пиштен на домашно лекување.

В.М. (25) со хомосексуална определба претепан е ноќта помеѓу 7 и 8 септември во паркот на Фрушкогорска улица во Белград. Нападот се случил во 01 и 30 часот по полноќ а претепаниот кој полицијата го нашла во полусвесна состојба веднаш бил пренесен во ургентниот центар каде му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди, контузии на главата, истегнат врат, скршени и напукнати заби на долната вилица, крварења, гребаници по лицето…

Полицијата веднаш го повикала и В.Д. (23) кој вечерта бил во друштво со В.М и кој исто така имал видливи повреди но успеал да им побегне и да повика полиција.

В.М. и В.Д. за време на нападот поминувале покрај паркот одејќи во геј клубот кој се наоѓал во близина кога од паркот слушнале извици – „Педери, педери!“. В.Д. успеал да види дека еден од напаѓачите во раце носел месарски чекан по што веднаш почнал да бега и се упатил во летната бавча на едно кафуле од каде повикал полиција.

Во меѓувреме напаѓачите го фатиле В.М. и брутално го претепале во паркот по што се разбегале.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1