Словенечки рулет: губитникот си заминува со ХИВ вирус


Неидентификуван млад дечко, неодамна бил дел од специјално организираните оргии, а главниот двигател на адреналинот е што еден од учесниците во оргијата е инфицирани со ХИВ вирус.

Сигурно сте слушнале за руски рулет, потенцијална смртоносна игра со пиштол која првпат била забележана во Русија во 19-от век. Игра во која учесниците задоволството го пронаоѓаат во стравот за својот живот.
Она што сигурно не го знаете е дека оваа игра ја доби својот словенечка верзија. Словенечкиот рулет претставува бизарна “игра“ во која учесниците ги ризикуваат своите животи, но пиштолот ја нема главната улога, туку сексот, односно оргиите.

Поточно, нашиот соговорник ни изјави дека неодамна учествувал во оргија организирана во Љубљана, каде главен двигател на адреналинот е тоа што еден од учесниците во оргија е инфициран со ХИВ вирус.
– Бев дел на една од забавите, а за ваквите забави дознав преку интернет. Ми објаснија дека забавата всушност претставува оргија меѓу мажи и жени, а ќе ја “зачини“ еден специјален гостин. Тој “гостин“ е личност инфицирана со ХИВ вирус кој што ќе “посвети внимание“ на секого од нас, поединечно. Морам да признаам дека паднав во искушение и се пријавив – изјави нашиот соговорник.

Додаде дека во еден убав луксузен стан некаде во центарот на Љубљана се собраат мажи и жени на различни возрасти.

Магијата на играта: Стравот од смртта и чувството кога ќе сфатите дека сте или не сте инфицирани

– Некои од учесниците, носеа маски, со цел да го зачуваат својот идентитет. Јас носев очила за сонце. Наскоро започнаа да се бакнуваат мажите и жените, да се соблекуваат и орално да се задоволуваат. Двојките почнаа да се мешаат меѓусебе, а имаше и хомосексуални комбинации – објаснуваше.
Тој додаде дека тоа воопшто не му пречело, бидејќи има бисексуална ориентација.

– Ја чекав вистинската акција и внимателно ги гледав и анализирав сите учесници, бидејќи еден меѓу нив беше личноста заразена со ХИВ вирусот. Нејзината задача беше да се “посвети на секого од нас“, поединечно. По завршувањето на сексот, забавата заврши, но сега следуваше адреналинскиот шок. Сите учесници отидоа на тестирање. По три дена конечно почувствував олеснување, бидејќи резултатот беше негативен – низ насмевка објаснува нашиот соговорник.

Додаде дека после три месеци повторно бил на тестирање, а резултатот на негова среќа бил негативен.
Отворено го прашал организаторот на оргијата, во што е магијата на оваа игра, а одговорот што е добил бил: “Стравот од смртта, чувството кога ќе сфатиш дека не си заразен е она што ги привлекува луѓето и она што ја поттикнува магијата во оваа игра“.

Share Button

Tags: , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1