Kолку е поуспешен фотороботот толку се поголеми шансите криминалецот да биде фатен и уапсен. Дека изработката на фоторобот е важна говори и фактот што огромен број на уметници – специјалисти за цртање по туѓ опис се вработени во полициите во светот.
Процедурата е отприлика следна – најпрво се опишува обликот на лицето. Округло, долгнавесто, истакната брада или не. Потоа се оди на очите и веѓите, носот ( голем, мал, шилест) усните – полни, мали. Дали има лузни тетоважи и така натака. Порано фотороботите се изработувале рачно – уметници цртачи на лист хртија цртaле (пиши бриши принцип) по сеќавањето на жртвата или очевидците. Сега сетоа тоа се први компјутерски. Се избира каков облик на очи, каков облик на нос од плејадата слики внесени во компјутерската програма.
Полицајката – цртач 62 годишната Лус Гибсон од Хјустон се смета за еден од најуспешните во својата професија, а во моментов го држи рекордот според Гинис бидејќи според нејзини цртежи се заробени повеќе од 1.000 криминалци.
во 1990 Чарлс Рефорд – откако го видел фотороботот за себе кој бил како да е фотографиран одлучил сам да се предаде на полицијата.
Гибсон ја открива тајната на нејзиниот успех – внимателно ја слуша жртва.
Со овој цртеж убиецот Карденс Франциско е фатен и сега отслужува доживотна затворска казна за убиство на полицајци.
Иако сведокот го видел напаѓачот само 1 секунда – тоа било доволно за Лус да го направи цртежот по неговиот опис на Наима Родригез. Фатен е.
Бренда Ли Блејк беше уапсена за грабеж 1993. Благодарение на овој цртеж.