Франција ги затвара амбасадите поради карикатурите на Мухамед


Муслиманите нека не го читаат весникот – како што ни јас не одам во џамија да слушам проповед против се она во што јас верувам. Изјави уредникот на француското списание кое ги објави карикатурите на Мухамед. Ова се карикатури, не е ниту долевање на огнот ниту провокација смета тој.

Франција денес ги затворат амбасадите и училиштата во 20 земји во светот, пренесува Би-би-си. Превентивна мерка поради објавувањето на карикатури на кои Мухамед е гол.

Одред специјалци вчераутро беше испратен во редакцијата на „Шарли Ебдо“ за да се погрижи за безбедноста. На насловната страница со наслов „Недопирливи 2“ и натпис „Не смееме да се смееме“, е претставен муслиман во инвалидска количка што ја турка ортодоксен Евреин, а се однесува на познатиот филм за сиромашен црнец што му помага на аристократ-квадриплегичар. На последната страна на магазинот е голиот пророк Мухамед, а таа карикатура е инспирирана од сцена од француски филм со Брижит Бардо од 1963 година.

Премиерот Жан-Марк Еро, рече дека секој што ќе се почувствува навреден од карикатурите може да се пожали во судовите, а претерана рекација на улиците нема да биде дозволена, нагласувајќи дека во Франција има слобода на говорот. Тој нагласи и дека Франција го одби барањето за одржување демонстрации во Париз против контроверзниот филм

– Живееме во држава во која слободата на изразување е загарантирана, вклучувајќи ја тука и слободата да се прават карикатури.

Во Франција живеат 4 милиони муслимани, Веб-страницата на „Шарли Ебдо беше урната од огромен број коментари.
– Јас не барам од муслиманите да го читаат магазинот исто како што ни јас не одам во џамија за да ги слушам проповедите што се во спротивност на с` во што јас верувам – нагласи уредникот на весникот – Шарб.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1