Во Чаир направиле џамија во зграда – тука се молат од Рамазан


Муслиманските верници во Чаир направиле импровизирана џамија во приземјето на зградата на улицата Емин Дураку, пишува Вест.

Тоа го направиле зошто наводно немале доволно верски објекти во Скопје ???????

според Вест ова го тврдат од ИВЗ – според нив најблиска џамија им била Јајапашината џамија, но до таму имале многу за пешачење.  А дневно се молеле по 5 пати и далеку им било.

Импровизираната џамија ја отвориле за време на Рамазан и оттогаш тој е збиралиште за муслиманските верници од околината.
Првиот човек на скопското муфтиство за Вест изјавил дека ќе реагира веднаш да се затвори импровизираниот верски објект бидејќи како што рекол, не може да се дозволи да се отвараат џамии во приватни објекти.

Тој им дал дозвола да го користат просторот како џамија, но само додека трае Рамазан, но никако не е дозволиво сеуште таму да се молат – Се знае како треба да изгледа една џамија“ – рекол Ибрахим Шабани, скопски муфтија за Вест.

Ова не е прв ваков импровизиран верски објект во Скопје. Претходно медиумите пишуваа за имровизирани џамии во Топанско поле, Бутел, Ѓорче Петров.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1