Францускиот претседател Фрасоа Оланд прогласи економска вонредна состојба и изјави дека е време да се редефинира францускиот економски и социјален модел, објави „Фајненшл тајмс“.
Тој предложи серија економски мерки во годишното обраќање пред бизнис елитата, која би требало да го поттурне растот на француската економија, која веќе подолго време е во стагнација и помогне при намалувањето на хроничната невработеност.
Оланд ја нагласи итноста од унапредувањето на францускиот бизнис модел, кој е насочен пријателски кон работната сила, согласно брзорастечката, високо глобализирана и онлајн економија.
Мерките подразбираат скусување на одредени привилегии на вработените со цел компаниите да се охрабрат да вработуваат, како и обука за половина милион работници.