Француска глумица ја тужи својата мајка бидејќи ја сликала за „Плејбој“ кога имала само 11 години – Видео


izabelaФранцузинката Ева Јонеско позирала за Плејбој на само 11 годишна возраст и таа е најмладото лице чија фотографија е објавена на страниците на овој магазин за возрасни. Што е уште почудно, фотографијата ја направила нејзината мајка Ирина Јонеско, самоук фотограф со романско потекло.

Евината мајка Ирина Јонеско во седумдесетите години стекнала голема слава благодарение на контроверзната фотографија со експлицитна содржина, на кои често била покажувана нејзината сопствена ќеркичка.

Ева затоа одлучила да покрене судски процес против својата мајка. Судот во Париз вчера ја изрече пресудата и и наложи на мајката да и исплати отштета на својата ќерка во висина од 10 илјади евра и да и ги врати сите негативи од бројните фотографии, направени помеѓу нејзината 4 и 12 година.

izabela1

Фотографиите се црно бели, а девојчето на нив е прикажано во кокетирачки пози, со фетишистички предмети или потполно гола. Ева Јонеско во својата тужба навела дека поради спорните фотографии и било „украдено“ детството, но и дека нејзе никогаш ништо не и било платено за тоа.

Одбраната на нејзината мајка се заснивала на „либералните ставови во седумдесетите“, како и на инсинуациите бидејќи Ева процесот го покренала поради омразата која ја чувствувала кон нејзината мајка.

Бизарните детали на нејзиниот пореметен однос со нејзината мајка, Ева Јонеско ги прикажала во својот филм „Моја мала принцеза“ од 2011 година во кој главна улога игра Изабел Ипер.

 

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1