Француско семејсво живее со поларни мечки на Арктикот (Видео)


Океанографот Ерик Браузер, истовремено и капетан на јахтата, на кое неговото четричлено семејство живее на Арктикот, во период од пет години, колку што живее во таа област, видел најмалку 800 поларни мечки.


porodica-brauzerМладото четричлено семејство од Франција, веќе втора година по ред зимата ја минува на Арктикот, и тоа на јахта, а како што велат, први комшии им се поларните мечки. Имено семејната јахта „Vagabond“, е долга 15 метри, не плови никаде и главно прибежиште на ова семејство. Капетанот на оваа јахта Ерик Браузер има едноставен екипаж кој го сочинуваат сопругата тригодишната и петгодишната ќерка.

Оваа зимска авантура не е прва во низа на Браузерови. Пред пет години зимовале на бродот близу Спитсберген, островот во Норвешка. Постарата ќерка имала само 12 дена кога пристигнала на бродот .
„Нашите први комшии се поларните мечки. Мислам дека само за пет години видовме најмалку 800 поларни мечки“, изјавил таткото.

porodicaМинатата зима биле одалечени 50 километри од центарот, така што по основните намирници морале да патуваат еднаш неделно. Оваа зима јахтата од центарот била одалечена само неколку минути. Велат дека тоа си има свои предности, но и мани.

„Доста од тоа ни недостига, пријатели, семејство, но со помош на Скајп можеме секогаш да ги контактираме“, вели Браузер.

Капетанот на оваа јахта и главата на семејството, кој по професијат е океанограф, истакна дека никогаш не можел да поднесе работа во канцеларија.
„Јас сум истражувач и баш поради тоа дојдов на идејата да зимата ја поминам на брод со својата опрема која ми е потребна за истражување, мерење на дебелината на ледот и температурата на која се топи ледот“, објасил Браузер.

Браузер и неговото семејство ќе остане на Арктикот до јули, се додека ледот не почне да се топи. Потоа, летото ќе го мине на Гренланд. Се уште не знае каде ќе ја мине следната зима.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1