Французите во солзи: Изгоре симболот на Париз, повеќе ништо нема да биде исто


Стотици жители на француската метропола во ужас го гледаат густиот чад од околните мостови во шок и неврување. Претседателот Емануел макрон кој тргна на местото на пожарот, ја изрази целата тага на народот.

„Тажен сум додека гледам како гори дел од нас“.

Страшен пожар ја зафати париската катедрала Нотр Дам во понеделникот навечер и ја урна куполата на најпосетениот историски споменик на Европа.

Огнот буквално ја проголта црквата стара 850 години.Катедралата е една од најпопуларните туристички дестинации во Париз, а медиумите во живо покажуваат дека и вечерва има многу луѓе во областа. Секоја година, катедралата Нотр Дам ја посетуваат просечно 30 милиони луѓе.

Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз ја зафати пожар, а падна и покривот на главната кула. Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

Еден од симболите на Париз, катедралата Нотр Дам e во пламен, соопшти во попладневните часови противпожарната служба на францускиот главен град. Сликите објавени на медиумите покажуваат огнени пламени и облаци од чад над покривот на средновековната катедрала, која е воедно најпосетениот историски споменик во Европа. Последните информации се дека се урнал покривот на централната купола од катедралата и дека пожарот се шири со голема брзина.

Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа планираното обраќање во јавноста поради “ужасниот пожар” во катедралата Нотр Дам. Елисејската Палата соопшти дека претседателот се упатил кон катедралата.

“Нотр-Дам е пламен, емоции на целата нација. Мислам на сите католици и на сите Французи. Како и сите наши сонародници, тажен сум кога гледам дека гори овој дел од сите нас “, напиша претседателот Емануел Макрон на Твитер.

Би Би Си објави дека главната спирала на катедралата се распаднала под притисок на огнот. Сведоците наведуваат дека покривот на катедралата целосно се распаднал.

Во тек е голема операција за гасење на пожарот, соопштија од одделот за противпожарна заштита, додека портпаролот на Градскиот совет на Твитер напиша дека областа околу катедралата е расчистена.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да безбедни.

Канцеларијата на главниот обвинител на Париз соопшти дека започнале истрага за пожарот. Според министерот за внатрешни работи Лорент Нунез засега нема повредени во пожарот и дека сега е прерано да се утврди која била причината за пожарот.

И американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер.

“Ужасно е да се гледа кавов пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Можеби, огромени канадери во воздухот би можеле да го изгаснат огнот, мора да се дејствува брзо”, напиша Трамп на Твитер.

Светските лидери и политичари изразуваат солидарност со Франција поради пожарот што го зафати едно од најактеристичните обележја на француската цивилизација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1