Фталатите може да го „феминизираат“ машкиот фетус


Хемикалиите кои се користат за омекнување на пластиката и кои се наоѓаат во завесите за туширање, подните прекривки од винил и детските играчки може да го зголемат ризикот од раѓање бебе со мала тежина, тврдат научниците.

Една студија покажала дека постои врска помеѓу фталатите – хемикалиите кои се користат за омекнување на пластика и здравјето на новороденчето. За овие хемикалии зборувавме и во нашиот претходен текст кој се однесуваше на училишната опрема а кој може да го прочитате ТУКА.

Фталатот кој влијае врз женскиот полов хормон естроген може да засмета на феталниот развој. Овие хемикалии се забранети во козметиката која се произведува и дистрибуира во Европа, но трудниците и понатаму се изложени на оваа супстанца од пластиката преку производите за хихиена во домаќинството, лепакот и боите. Фталатите се наоѓаат и во миризливите пени, шампони, различни средства за чистење и винолните завеси за туш кабина.

Минатата година бил објавен вознемирувачки извештај за тоа како фталатите и останатите хемикалии кои пак влијаат врз хормоните, производите за домаќинство и козметиката, го „феминизираат“ машкото бебе.

Најновата студија се фокусирала на анализа на крв и првата столица на бебето на примероци од 201 новороденче во Кина.

Истражувачите од Кинескиот Универзитет Фудан и Универзитетот Рокефелер во Њујорк, пронашле фталати во 70 проценти од примероците на првата столица на бебињата.

Нивото на оваа супстанца во првата столица било многу повисоко кај бебиња родени со мала телесна тежина, известуваат истражувачите за медиумот Journal of Pediatrics.

Истражувачите се уште не се сигурни дали оваа хемикалија допринела за малата тежина на новороденчето. Меѓутоа сметаат дека токму оваа хемикалија смета врз развојот на фетусот за време на првото тромесечие од бременоста.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1