Фуфо раскажува за коцкарските долгови, политичката кариера и каде беше 4 години (Видео)


Еден од најозборуваните ликови во поновата македонска бизнис и политичка историја, Љупчо Николовски Фуфо, деновиве е повторно главна тема на муабет низ чаршијата.

Овојпат не се работи за некакви долгови, бегства и сл. туку нешто многу попозитивно за него, неговото враќање во култниот ресторан Галија, поранешно свртилиште на најпознатите и најважни личности од јавната сцена.

Фуфо даде интервју во Еден на Еден со Жарко Димитриоски. Едночасовниот специјал кој Фуфо и Жаре го снимија деновиве премиерно ќе биде прикажан на тв Алфа оваа сабота во 19.30 часот.

Освен за коцкарските долгови и проблемите настанати од тоа, Фуфо ќе зборува искрено и за детството во Чаир, за времето кога премиерот Никола Груевски тренирал во неговиот боксерски клуб, згодите и незгодите со познатите личности во неговите ресторани, “братското коцкање” со Игор Џамбазов, црковниот обред на побратимување со Трифун Костовски, политичката кариера и работите што ги научил од тоа, како и многу други интересни теми.

Фактор.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1