ФЗОМ: Не сме виновни за смртта на Тамара


Раководните структури на Фондот за здравствено осигурување не чувствуваат никаква одговорност за смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, изјави денеска Бранко Аџигогов, советник во институцијата.fzom

– Иако на наша адреса се испратија обвинувања дека ние сме виновни за смртта на Тамара, сакам да кажам дека тоа не е така. Случајот позитивно го решивме уште во декември 2014 година, но беше потребно да се организира лекарски тим што ќе ја направи операцијата која е исклучително тешка. Бевме во постојана комуникација со родителите и очекувавме неделава да добиеме датум за операција за во Аџибадем во Турција, но за жал тогаш стаса информацијата за смртта – рече Аџигогов.

Тој објасни и дека не му се познати причините за смртта, а на прашањето дали директорите на ФЗОМ ќе си поднесат оставка во знак на морална одговорност затоа што прерано згасна млад живот, тој рече дека тоа е политичко прашање и не даде одговор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1