ГАК: Пациентката имаше тешки знаци на инфекција – лекарите направија се што можеа


ЈЗУ Универзитетска клиника за Гинекологија и акушерство испрати соопштение во кое објаснува што се случило со бремената пациентка која во текот на вчерашниот ден почина.

kliniki- brza pomos urgenten

-Настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со 6-та високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден (25.10) со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец) со прснат воденик при што истекуваше гнојава содржина од утерус и истата имаше непријатен мирис како и сите тешки знаци на инфекција. Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од ЈЗУ У ГАК и анестезиолози од КАРИЛ, како и на раководниот тум на ЈЗУ У ГАК кој беше повикан и присутен на клиниката, се вели во соопштението.

Од Клиниката информираат дека семејството на пациентката било во целост навремено информирано за состојбата на пациентката, но за жал дошло до смртен исход.

-Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состана за овој случај со цел да се направи увид во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури, се вели во соопштението од ГАК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1