Газдарица на туристичка агенција испразнила неколку сметки


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје  поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (34) од Скопје, сопственик на туристичка агенција “НОА Травел“ Доо Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б ст.1, предвидено и казниво по Кривичниот Законик на Р.Македонија.

credit-cardsПријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, преку гласовна авторизација во две домашни банки извршила повеќе нелегални трансакции од кои  2 успешни, со што нелегално се стекнала со парични средства во вкупен износ од 402.187 денари  (или околу 6.500 евра). Пријавената имала склучено договор со банките за реализација на трансакции без физичко присуство на платежна картичка, односно со гласовна авторизација, а со намена за резервација на хотелски престој и авио билети на туристи.

Имено, Б.М. по претходен договор со лице – странски државјанин, на е- маил адреса на нејзината туристичка агенција добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во двете домашни банки извршила нелегални трансакции на име на странскиот државјанин за „наводна резервација“ за хотелски престој и авио билети за престој на бизнис група од Велика Британија.

Од страна на странските банки издавачи на картичките е доставено известување до домашните банки, за злоупотреба на реализираните трансакции, по што истите ја известиле пријавената дека се работи за спорни трансакции. И покрај известувањето од банките дека станува збор за злоупотребени податоци од платежни картички, пријавената ги подигнала паричните средства од нелегалните трансакции. Дел од нелегално стакнатите парични средстава пријавената ги задржала за себе по основ на „наводните резервации“, а дел од парите, по претходен договор со лицето-странски државјанин, преку банкарски трансфер ги префрлила на странска сметка за наводни резервации за авио билети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1