Полицијата денес ги објави сите детали околу вчерашната тепачка на плажата „Немо“ во Охрид. Се започнало околу 10.30 часот кога започнала расправија и тепачка помеѓу Д.Г.(57) од Охрид (кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата) и И.К.(33) од село Прељубиште (вработен на шанк со кој стопанисува А.Б.(52) од Охрид.Потоа во 11.45 часот, И.К. заедно со А.Б. и К. Ј.(39) од село Студеничани, дошле на локацијата со која стопанисува Д.Г., на која биле присутни и А.М. од село Велгошти, З.Ј.(25) и Д.Н.(26) и двајцата од Охрид и истите физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва, информираат од полицијата.
Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака.
Од полицијата информираат дека повредените се згрижени во Oпштата болиница во Охрид.