Ова се самоубијци на ИСИС – Интерпол објави список со 173 атентатори самоубијци


Интерпол лиферува список со 173 борци на Исламска држава, кои, според глобалната агенција за борба со криминалот, можно е да се обучени за извршување самоубиствени напади во Европа, како одмазда за воените порази на групата на Блискиот исток, пишува британскиот весник „Гардиан“.

Интерпол го создаде списокот врз основа на американски разузнавачки податоци, добиени во нападите на териториите на Исламска држава во Сирија и Ирак.

Европските агенции за борба со тероризмот стравуваат дека по распадот на таканаречениот калифат на Исламска држава ќе се зголеми ризикот од атентатори самоубијци, кои ќе се обидуваат да стигнат до Европа, веројатно дејствувајќи сами.

Нема податоци дека некои од екстремистите од списокот влегле на територијата на Европа, но лифрувањето на списокот од Интерпол ја покажува големината на заканата.

Лицата од списокот се опишани како „потенцијално обучени да создаваат и располагаат со рачно изработени бомби со цел да предизвикаат голем број ранети и убиени. Се смета дека може да патуваат во странство за учество во терористичка активност.

Во белешка, додадена на списокот, се подвлекува дека набележените лица покажале подготвеност да извршат самоубиствени напади за поддршка на исламот.

Списокот ги соддржи имињата на осомничените, датумот на нивно врбување од Исламска држава, последната веројатна адреса (вклучувајќи ја и џамијата во која се молеле), моминското име на нивната мајка, и фотографии. Интерпол од своите национални партнери бара секаква информација со која тие располагаат за било кого од набележените лица од списокот, вклучувајќи ги и личните податоци, кои ќе бидат додадени кон информацијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1