Важна информација доколку утрово патувате: Подолго задржување на граничните премини Богородица и Дојран


На граничните премини Богородица и Дојран утринава за излез од државата се чека од 30 минути до еден час.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на граничниот премин Богородица се чека еден час, додека на граничниот премин Дојран околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1