Кога следниот пат ќе скршите чаша или друг стаклен предмет, не посегнувајте веднаш по правосмукалката.
Подобар начин е да се послужите со парче леб. Најдобро ќе ви послужи оној купечкиот, за тост, исечен на тенки парчиња. Прејдете по подот со парчето леб, тапкајќи на местата каде што се наоѓаат стакленцата.