Германец и Бразилец со мигрантите нелегално влегле во Македонија – протерани се


Две лица, државјани на Германија и на Бразил што оствариле нелегален влез во Република Македонија вчера околу 8 часот биле откриени во  близина на граничен камен 59 на македонско-грчката граница.bogorodica1

Тие, како што информира МВР, заедно со група мигранти се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за гранична контрола.

– На лицата им  е издадено Решение за протерување на странец од Република Македонија со забрана за повторно влегување за период од пет години, соопшти МВР, нагласувајќи дека биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1