На Германската национална телевизија ZDF во ударен термин била пуштена емисијата за трагите од опасните хемикалии кои ги испуштаат необележани авиони. И додека многу луѓе сеуште не веруваат дека необележани авиони кружат и ја прскаат атмосферата со различни отрови, во земјите од Европа за тоа отворено се зборува.
Всушност трагите од овие опасни хемикалии секој ден се се’ повидливи на небото. Владите виделе дека веќе е џабе да молчат, па заклучиле дека е подобро полека да ги изнесат фактите.
Тие зборувале за создавање на мрежа од отвори околу целата планета, но, тврдат дека на овој начин всушност го спречуваат глобалното затоплување, ја намалуваат енергијата од сонцето која допира до планетата. Бидејќи станува збор за сериозен проблем кој му се заканува на човештвото – глобалното затоплување, тие морале да создадат одреден вид на заштита помеѓу Сонцето и Земјата. На овој начин ги уверуваат луѓето дека овие траги од најразлични штетни хемикалии, се всушност за доброто на човештвото и дека доколку не би го преземале овој чекор, сонцето би не изгорело.
Прашањето е само како мислеа дека народот ќе им поверува во ова?
Германците во емисијата јавно признаваат дела постојат необележани авиони кои носат и ослободуваат сулфур кој наводно на високи температури се претвора во сулфур диоксид.
Тие тврдат дека сулфур-диоксидот спречува затоплување, односно го спречува Сонцето прекумерно да ја загрева Земјата. Тие се обидуваат да направат, така наречен ладен слој околу нашата планета но истовремено тврдат дека тој сулфур е високо токсичен но дека неговите честички не би можеле да паднат на Земјата и луѓето биле безбедни .
Но не е само сулфур диоксид. Токсините кои се ослободуваат во атмосферата и кои паѓаат врз нас се и алуминиум, разни вируси и тешки метали кои буквално би можеле да ја уништат Земјата на “природен” начин.