ГЕРМАНЦИТЕ БАРААТ ЗАНАЕТЧИИ: 700.000 работни места за кои не треба диплома!


Германците бараат занаетчии, што докажуваат и хрватските портали за вработување кои објавија понуди кои тешко се одбиваат.

– Платата за бравар е од 1.500 до 2.500 евра месечно. Значи, тоа се однесува на 35 часа неделно, но можна е прекувремена работа која се плаќа 25% повеќе, објаснил Никша Демовиќ од порталот Posao.hr за RTL.rabota2

Празниците и неделите се платени од 50 до 100 отсто повеќе.

– Германските работодавачи дури и ги покриваат трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификати за извршување работа како и други бенефиции. Во тоа ги вклучуваме и пријавата за здравствено и пензинско осигурување на германскиот здравствен систем, појаснил Демовиќ.

Како што пишуваат медиумите, во Германија на големо се бараарт занаетчии. Се бараат ѕидари, месари, слаткари…

Исто така, малку позната информација во јавноста е дека земјата со најстабилна економија во Европа на почетокот во јануари ја покрена програмата „Работа за работници од Западен Балкан 2016-2020“.

Со овој проект се направени олеснувања во процедурата при вработувањето на работници на Западен Балкан.

Според информациите, во Германија отворени се околу 700.000 работни места, а работниците од нашиот регион се многу ценети.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1