Овошните сокови содржат шеќер во количества кои не се добри за здравјето и не би требало да се користат како дел од здравата исхрана. Стручњаците ги молат производителите да го намалат количеството шеќер во нив затоа што ваквите сокови, тврдат тие, стануваат “нови цигари“ затоа што создаваат голема зависност, пишува Теа Модерна
Некои видови овошни сокови имаат процент на шеќер сличен на оние во газираните пијалаци и затоа би требало да се разредат со вода, предупредува др. Сузан Џеб, професорка на Оксфорд. Pотрошувачите се збунети со огромната понуда различни производи за кои се тврди дека би требало да се користат во секојдневната здрава исхрана.
Овошјето од конзервите и детските напивки се рекламира како здравo иако содржат потенцијално штетни количини шеќер и сол.
Овошните сокови, предупредуваат стручњаците, посебен се проблем затоа што не содржат влакна ниту какви и да било други нутритивно вредни состојки, а имаат голем број калории и би требало да се исфрлат од препорачливата здрава исхрана.
“Овошниот сок не е исто што и овошјето од кое се добива, сокот секако дека содржи многу, многу повеќе шеќер. Наместо него подобро е да се јаде вистинско овошје.“, предупредува др. Џеб.
Заборавете на соковите
Во мало пакување на сок од портокал се наоѓаат две и пол лажици шеќер, а во големо пакување дури пет. Еден портокал секако има и шеќер, многу помалку од соковите но има и растителни влакна од кои во соковите нема ниту трага. Овошјето исто така создава чувство на ситост и ја убива желбата за дополнителни оброци. Затоа овошните сокови се крајно нездрави и исто како и слатките создаваат зависност. И уште нешто – оние преубави рајски слики на овошје кои се наоѓаат на пакувањата немата блага врска со содржината.
Затоа свежото овошје и натаму останува најдобар и најздрав извор на шеќер, витамини и влакна.