Ги уверувал жените дека со масажа може да спречи рак на дојка


Четириесет и осум годишниот Серге Бенајун, кој потекнува од австралискиот град Лисморе и е поранешен инструктор по тенис, за себе верува дека е реинкарнација на Леонардо Да Винчи, а успеал да направи вистински богатство, масирајќи ги женските гради.
Бенајун припадничките на понежниот пол ги уверил, дека неговиот третман може да спречи рак на дојката, по што им нудел егзотчина масажа, за која тој тврди дека го подобрува протокот на енергија.
Неверојатно е и покрај што нема никаков доказ дека ваквата терапија всушност делува, истиот ваков третман е финансиран од Австралиското министерство за здравство, па покрај парите од пациентките, за ваквиот третман Бенајун го плаќала и државата.
Во ваквиот бизнис Бенајун ја вклучил и неговата ќерка Натали, која што за 70 австралиски долари по еден саат разговарала со јајниците на пациентките.  Бенајун пак поради ваквиот третман е тужен од страна на девет мажи кои што сметаат дека им наштетил во врските. Тие предупредуваат дека самонаречениот „Леонардо Да Винчи“, изградил култ и дека себеси се смета за божествен и дека ги менувал животните навики на своите пациентки, како би можел полесно да ги контролира. Бенајун ги отфрлил ваквите обвинувања, бранејќи се дека доаѓањето кај него е право на избор и дека ако е потребно на суд би го бранеле околу 2000 луѓе.
Меѓу нив би биле и голем број на жени чии гради исклучиво некое време ќе може да ги допира само тој, откако по масажата на своите пациентки им дава крема „против негативна енергија“, поради која нивните партнери не смеат да ги допираат своите љубени по тој дел од телото, единствено само ако немаат одобрение од Бенајун

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1