Холивуд слабо го владее рускиот јазик



Кога руски обожаватели на американски филмови, гледаат во кино салите, како Холивуд ја прикажува нивната земја, понекогаш и трилерите истите тие ги доживуваат како комедија.

Извртените и погрешни руски реплики, непроверените или неточните информации, сето тоа велат дека не им служи на чест на амерканските филмаџии и дека во очите на руските граѓани почнуваат да стануваат смешни, особено сега кога Русија повторно стана важен пазар на холивудските филмски компании.
Така на пример руските филсмски критичари велат дека на Холивуд тешко му оди со рускиот јазик. Еден од највпечатливите примери е грешката во филмот Идентитетот на Борн. На документите името на главниот лик е напишано со руски букви „Fshf Lshtshfum“. Правилно требало да биде напишано „Foma Kiniaev“, но авторот на имињата не му годело да ја замени кирилицата со латиница, надевајќи се дека руските букви се исто распоредени како и англиските. Идентична грешка руските сеирџии пронашле и во филмот Терминал, чија главна улога ја има Том Хенкс.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1