Симо од Курбиново- Војвода, молзи кози, си пука кога ќе сака и сонува за нудистичка плажа


Симо војводата од Курбиново – македонец до коска –  Војвода. Чува кози, си пука кога ќе му дојде, вози трактор и сонува да отвори нудистичка плажа.

– Ми фали жена, ама домаќинка, која ќе си посади во дворот пиперки патлиџани, краставици. А не некоја со лакот и штиклите. Ќе ја чувам ко англиска војвотка

– понекогаш ми доаѓа и ќе ја земам пушката и ќе испукам куршуми, и соседиве веднаш ме пријавуваат, па доаѓа полиција ми го зема оружјето. И, кај се видело војвода без пушка?!

–   -Ми доаѓа еден ден да се растрчам по „бугарски“ ( мисли угул гол, без костим за капење) и да се бувнам во езероно. Мојот сон е догодина на среде Претор да отворам една нудистичка плажа,

– Има трактор бојоадисан во црвено жолто – Македонско, се разбира. Се спушта на плажа во Претор (како Рамбо во евровизискиот спот со магарето), пие пиво, кулира, си витка тутун од табакера, следбеник е на Гоце Делчев, де

– Јаре ќе испечел кога ќе го посетела неговата омилена ТВ водителка Татјана Пуленџовска.

– влезната врата никогаш не е заклучена и кога домаќинот е дома и кога не е. Симо е добар и чесен човек

Војводата Симо Курбински- Преспанско- Бабански- Македонски во Преспа е општо познат. Нема кој не го познава. Додуша, го знаат како Симо Тасевски од Курбиново, помладите летувалци како чика Сима, а од друга страна тој војвода е според сопствената определба, Курбински по селото каде живее, под Баба планина, а Преспански и Македонски, многу јасно, по тоа што неговото војводство се протега низ цела Преспа и пошироко, така вели.


Ова е човекот кој е и последниот козар- со 15 кози. Секојдневно ги пасе по два пати по курбинските ридови, ги молзи, и вади по две калапчиња сирење (килограм и половина) на ден.

-Добредојдовте. Јас сум Симо козарот од Курбиново, кози чувам, од тоа живеам. Порано чував и овци, сега не. Повелете да пробате сирење, не послужи со преубаво козјо сирење.

Го продава по 300 денари за килограм, најмногу на летувалците и на мештаните, и не може да постигне со купувачи. Му го сакааат и странците, најмногу Холанѓаните, кои кога доаѓаат во познатата црква Свети Ѓорѓија, Симо ги пречекува, ги води до таму и погоре во планината, им прави ем козјо сирење, ем вкусни циронки (сушени и потпечени белвици со масло и киселина). И не поминува без добар бакшиш за тоа.


  -Сам работам сиве години, порано работев во Водната заедница, Преспатекст, Рибопреспа. Сега козите ми се извор на егзистенција. Вакцинирани, згрижени, под постојан ветеринарен надзор. Од државата добивам  субвенции по 1.000 денари од коза. Порано бев и ловец, нема што не сум отепал, и риболовец. Сега козите се моите светици македонски. На сите им имам ставено ѕвонци, кога пасат најубава македонска музика даваат, оркестар е тоа, ни објасни.

Напомена дека годинава  два пати „го зафркнале“- се најале отровни печурки и им секнало млекото на неколку дена.

-Ми фали жена, ама домаќинка, која ќе си посади во дворот пиперки патлиџани, краставици. А не некоја со лакот и штиклите. Ќе ја чувам ко англиска војвотка и како кинеска кралица. Една учителка од Битола се залепи за мене и ми вели- ајде Симо војводо продавај го целиот имот во Курбиново и ќе живееме во Битола. Јас веднаш ја одбив, да сакав ќе се преселев некде досега, ама кај можам јас без овој воздух, вели и вдишува со страст.


Единствено превозно средство со кое сега се вози му е трактор од помалите, бојоадисан во црвено жолта комбинација. Македонска, се разбира. Со него се спушта и на плажа во Претор (како Рамбо во евровизискиот спот со магарето), пие пиво, кулира, си витка тутун од табакера, следбеник е на Гоце Делчев, де. Младите момци го поздравуваат со војводо, а тој за сите вели- ова е наше дете, комита- војвода.

-Сакав на овој трактор да испишам Пирин Егеј Вардар П-Е-В. Ама нема. Ќе пишува само Македонија. Доста е делена Македонија, и јас уште да ја делам? Една е Македонија и затоа тоа свето име сакам на тракторот да ми го испише уметничката рака на Руме од Галакси од Претор, Во друг уметнтик немам доверба, ни објасни.

Кире од Штип пак, на камен ќе му го исклесал сонцето, и ќе го ставел пред влезната врата, која никогаш не е заклучена и кога домаќинот е дома и кога не е.
Симо е добар и чесен човек. По душа голем патриот- Македонец, и борец за правдини. Запаметена е и неговата изјава пред дваесеттина години дадена јавно во едно преторско одморалиште- Обединета Македонија, ама само во обединета Европа! Но, понекогаш поради претераното манифестирање на патриотството има и проблеми со законот.


-Вујко ми Лазар борец- патриот, претците мои комити војвода, другарите ми војводи, и јас сега цел живот војвода. Море, надвојвода, арамбаша. Јас сум неутрален граѓанин, припадник на ТМОРО (тајна македонска револуционерка организација). ТМОРО постоела, постои и ќе постои. А Војвода Тито ме направи. Тој даде за Македонија. Имам еден куп книги за него што ги читам, а и за други револуционери, за историја, за уметност. Тоа ми е најголемо хоби, собирање и читање книги.

Во мене врие таква крв и затоа понекогаш ми доаѓа и ќе ја земам пушката и ќе испукам куршуми, и соседиве веднаш ме пријавуваат, па доаѓа полиција ми го зема оружјето. И, кај се видело војвода без пушка?! Јас следниот ден пак набавувам. Еве уште Отсега да си знаете за Илинден ќе пукам. Го зедов тој свет ден Македонски за куќна слава, нека повели кој сака. Кој не пие и не пее, не е Македонец.


Во дворот  Симо за Илинден  на пријателите ќе им испече јаре, јадење ќе има, ќе се обиде да го донесе познатиот и во години хармоникаш од Буково, Пашата, да трешти во Курбиново од неговата куќа во горното маало до долу. За пиење секој нека си донесе, по едно шише ракија за адет. Јаре ќе испечел и кога ќе го посетела неговата омилена ТВ водителка Татјана Пуленџовска.

Симо ни кажа дека има и една неостварена желба, да ја шокира Преспа на свој начин.
-Ми доаѓа еден ден да се растрчам по „бугарски“ ( мисли угул гол, без костим за капење) и да се бувнам во езероно. Мојот сон е догодина на среде Претор да отворам една нудистичка плажа, да соберам млади „невести“. Ај да се обложиме ќе дојдат да ми работаат и тоа за без пари! Кој не сака да е нудист или нудистка? Тој што ќе ви рече дека не сака, да знаете дека ве лаже, вака заклучи Симо, војводата Курбински.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1