Еден човек од шпанскиот град Аликанте, кој ги заборавил своите клучеви од станот, го изгубил животот обидувајќи се да влезе во станот преку прозорецот.
Снимката којашто денеска шокираше многумина го прикажува 52-годишниот маж, по потекло од Еквадор, во обидот да стаса до својот отворен прозорец.
Да биде уште полошо, нему во тоа му помогнал соседот кој врзал јаже на кровот со помош на кое несреќниот маж требало да стаса до отворениот прозорец на четвртиот спрат.
Тој во својата намера не успеал, а падот не го преживеал. Во еден момент, Еквадорецот изгубил рамнотежа, паднал од зградата и загинал на лице место.
Многумина го осудија и соседот од соседната зграда кој сето ова го снимал, затоа што требало да му помогне и да го одврати до намерата да влезе во станот преку прозорецот.