Се разбудила од спиење а на градите го имала ова суштество (Фото)


Пензионерка , доживеала шок кога се разбудила во својот стан во Мајами. На градите и лежело некое чудно животно.

Старицата се преплашила, скокнала и побегнала во другата просторија. Веднаш го повикала својот зет, Карлос Агарас, која набрзо дошол да го изфрли животното од нејзината куќа.kinkagu-35345

-Ме разбуди телефонот околу два часот по полноќ, а во тоа време никогаш нема добри вести, на телефон беше мојата баба која ме повика да и помогнам, вели Карлос.

Кога дошол кај неа, животното побегнало на таванот. Тој се обидел да го намами непознатото животоно со храна и да го пикне во кафезот што го имале дома, додека не стигна ветеринарната служба. Кога стигнале ветеринарите го идентификувале животното како кинкаџу, редок вид, кој припаѓа на родот на ракуни, а обично живее во дождовните прашуми. Го нарекуваат уште и “диво куче“ или ноќен мајмун“.Screenshot_120

Доктор Харис кој го проучува овој вид, верува дека овој кинкаџу е нечие побегнато домашно милениче.

-Сепак дивото животно не би можеле никогаш мирно да заспие врз човек, бидете сигурни во тоа, вели докторот.

Подоцна се открило дека животното побегнало од својот газда и дека се вика Банана. Необичниот кинкаџу им е вратен на сопствениците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1