Гледа ли Европа? Tерорист од Куманово погребан со највисоки почести на Косово (ФОТО)


Откако пред неолку дена телата на загинатите терористи во Куманово беа вратени на Косово, соседната држава на неколкупати се обидува да ги прикаже како херои. Па така, поранешниот припадник на ОВК, Бег Ригзај, кој беше убиен во вооружениот конфликт во Куманово, со големи почести  беше погребан во комплексот Глоѓане, во општината Дечани.

kosovo pogreb terorist

На погребот присуствуваа голем број на граѓани, потоа претставници од повеќе косовски партии, како и некои личности од јавниот живот во Македонија и Албанија.

На комеморацијата што беше организирана од страна на општината, присуствувале неговите соборци кои биле облечени во униформи. Ризај бил офицер на специјалната единица „Црни орли“ на ОВК.

Безживотното тело на Ризај беше завиткано во знамето на Албанија.

Сите говорници го нарекувале Ризај дека е херој на албанскиот народ.

tela teroristi kosovo

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1