Владата ќе потроши 468.000 евра за да ги научи граѓаните како да пијат лекови


Генералниот секретаријат на Владата ќе потроши 468.000 евра за нова кампања, со која, има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови. Владата за реализација на кампањата склучила три договори со маркетинг агенции, кои утрово беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, јавува Фокус.

Во текот на изминатите години Владата потроши десетици милиони евра за слични медиумски кампањи со кои го „учеше“ граѓаните како да се хранат, како да бидат добри домаќини, да читаат книги, да градат соживот, итн.lekovi

Владата за реализација на кампањата склучила договори со три маркетинг агенции, кои ќе бидат задолжени во рок од шест месеци да изработат идејни решенија, обезбедат медиа закуп и спроведат ПР стратегија за промоција на кампањата јавува marketing365.mk.

Тендерите ги добија маркетинг агенциите:

Маркет Висион“, која ќе треба да испорача идејно решение на лого и банери, идејно решение и изработка на радио спотови,  идејно решение и изработка на принт огласи,адаптација за надворешно рекламирање (мегалајти, билборди и автобуси) , адаптација за внатрешно рекламирање (лифтови, влезови и сл.), како и осмислување и реализација на ПР стратегија за промоција на кампањата, во вредност од 125.552 евра,lekovi1

Омега комуникејшн“, задолжена за: подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање, во вредност од 236.000 евра ; и агенцијата

Аквариус дизајн“, која треба да подготви идејно решение и изработка на ТВ спотови, и од колачот ќе добие 106.545 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1