Гледал преку интернет како му ја бодат сопругата – бремена во 9-от месец (Фото)


Трудница од Тексас  во деветиот месец од бременоста, била нападната и избодена откако провалник, идентификуван како Кори Мос (19) ја нападнал во нејзиниот стан во Ел Пасо.

395912_rejcel-04_ffЦелиот монструозен чин се одвивал пред очите на нејзиниот сопруг, војник кој е на мисија во странство. Таа штом влегла дома го побарала и почнале разговор преку Фејстајм, при што камерата била вклучена.

Во еден момент напаѓачот и пришол од зад грб и ја нападнал. Почнал да ја боде а Рејчел Пул (31),  го препознала напаѓачот кој на нејзиниот сопруг му должел пари, па кога ја нападнал таа гласно му го кажала името.

Рејчел е пренесена во болница со повеќекратни убодни рани и фрактури на лицето и телото. Санирани и се повредите, а докторите успеале да го спасат и бебето.

Сепак Рејчел ќе остане без едно око.

Сопругот веднаш се јавил и во базата каде бил стациониран колегата должник и напаѓач и тој веднаш кога пристигнал бил уапсен. Мос,го признал нападот и е обвинет за обид за убиство. Сопругот на Рејчел пак е на пат за дома  – и по овие случувања најверојатно нема повторно брзо да патува на мисии и да ја остави сопругата сама.

395909_rejcel-01_f395911_rejcel-03_f

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1