Патничкиот авион „ербас 340“ предизвика паника меѓу патниците кои биле во своите автомобили на автопатот близу аеродромот во Сан Хозе. Ним авионот им прелета буквално над глава зошто силниот ветар го сврти од рутата, предизвикувајќи хаос и меѓу патниците внатре во авионот.
Леталото летало на линијата од Мадрид до Костарика, а поради силниот ветар морал да сврти од рутата и присилно да слета на аеродромот во Сан Хозе. Иако изгледаше дека несреќата е неизбежна, сепак се добро се заврши. Властите тврдат дека и покрај проблемите се поминало како што треба.
Снимката која е објавена на ЈуТјуб ја прикажува страотната глетка и воедно неверојатна како авионот сосема ниско над земјата лета кон автомобилите на патот.