Го бара цел свет: Краде од банките и им дава на сиромашните – Робин Худ од Грција (Видео)


Роден е во 1966-та година во село на планина секогаш покриена со снег во средиштето на Грција, каде што неговиот татко чувал кози, а на него идол му бил неговиот постар брат Никос. Денес го викаат Робин Худ и нудат 1,4 милиони долари за неговата глава.

Најбараниот човек во Грција, крадец на банки, Василис Палеокостас (48) е воедно и еден од најпопуларните личности бидејќи постапува како вистински Робин Худ во 21-век. Ограбува банки и им помага на сиромашните, каков што бил и самиот пред да тргне по другиот пат.grk robin hud
Приказната е објавена од страна на BBC бидејќи локалните медиуми не го прикажуваат во вистинско светло, а народот го опева и неговиот лик честопати е на плакатите, особено откако кризата ја тресе Грција до темел, а луѓето се убедени дека за таа криза се виновни алчните банки и корупцијата.

За главата на Василис е распишана награда од 1,4 милиони евра, по кого тргаат и CIA и специјалните единици од Грција. Познат е и како “невидлив”, но засега грчкиот Робин Худ, кого народот го нарекува “крал на планините”, навистина останува невидлив.

Никогаш, никој од неговото опкружување не го издал неговото престојувалиште, што и не е необично бидејќи пленот од своите грабежи великодушно го дели со сиромашните, им помага на девојките кои не можат да се омажат без мираз, а самиот живее скромно – вели грчката легенда која наликува на филмска приказна.grk3

Роден е во 1966-та година во село на планина секогаш покриена со снег во средиштето на Грција, каде што неговиот татко чувал кози, а на него идол му бил неговиот постар брат Никос.Во училиште и по снег оделе боси, а кога снегот бил превисок за помалиот брат, постариот го носел на раце.

Кога имал 13 години семејството се преселило во град, постариот брат заминал на море, а Василис две години работел во фабрика за сирење. Економијата на Грција во тој период цветала, но само за да богатите станат уште побогати.

“Василил патеше бидејќи практично беше роб за плата и поради тоа се сврте против своите шефови”, вели негов пријател.

Тој ги гледаше “Роки”, Шварценегер, Клинт Иствуд во “Бегство од Алкатраз” и реши да започне да ограбува. Со брат му за седум години извршија неколку десетици грабежи, ограбувајќи видеорекордери. Тогаш го запозна Костас Самарас, “уметникот” па грабежите поминаа на повисоко ниво. grk 2

Полицијата ги блокира на врата додека тие ја ограбуваат златарата, но кога ќе се пробијат низ врата, на патот ги чекааат помошници. Доколку земе нечиј автомобил, му го враќа испран и со пари на седиштето, доколку некој му даде да јаде, тој му враќа три пати повеќе.

По него е организирана голема потерница и по него биле испукани стотици куршуми па на властите им напишал писмо дека по него пукаат, а тој во десетици грабежи ниту еднаш не испалил куршум на човек.

Писмото е потпишано со отисок на прст во мастило. Властите после тоа на грб му ја ставиле бомбата со која бил убиен помошникот на министерот тврдејќи дека е пронајден негов отпечаток.Народот пак се прашува како е пронајден отпечаток на бомба која екплодирала.

Еве го неговото бегство од затвор во 2009, во видео објавено од грчката полиција:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1