Четириесетгодишната Трејси Остро од Велика Британија живеела во брак со Таби Филип Сарп на една фарма, заедно со уште шест други жени.
По неколку години на изолација, осаменост и љубомора, таа го оставила сопругот, а две години поцна раскажува како изгледал нејзиниот полигамен брак. Трејси својот поранешен сопруг го запознала во 1998 година, во Сасекс, но по кратко време се развела.
Рабинот во тоа време тврдел како му се обратил на бог и рекол дека тој е крал и дека мора да има неколку законски жени.
Во наредните неколку месеци се венчал со Џудит, Ханом, Врени, Марго, Кавом и Карајн.
Тој со своите шест сопруги има 12 деца, но и покрај тоа што го земале неговото презиме, тие не живееле заедно, туку на различни краеви од неговата фарма.
Седумте жени на рабинот цело време се расправале, а работеле на фармата шест дена неделно за околу 30 евра, а него морале да го третираат како крал.
Трејси изјавила дека има две деца со Шарп и дека за време на нејзината прва бременост, тој бил близок со неа, поради што останатите жени биле љубоморни.
„Се заљубив во него поради тоа што верував во неговиот повик“, изјавила Трејси.
Таа додала дека се било во ред се додека не сфатила дека својот сопруг навистина го дели со шест други жени, а со време сите жени станале љубоморни една на друга.
Така Трејси изјавила дека била несреќна со години и дека имала сили да го остави. А, отакако си заминала во 2010 година, изјавила дека оттогаш таа и нејзините деца биле несреќни.