Го држел телефонот на полнач цела ноќ покрај себе – плати со живот


Марек Кругер (53) загина во пожар во куќата предизвикан од прегрејување на ајфон 5, кој бил вклучен на полнач во текот на ноќта.

Несреќниот човек две години пред смртта бил врзан за кревет, зошто целата лева страна од телото му била одземена. Истрагата покажала дека умрел од вдишување на чад во својот дом во Рединг во Англија, во август минатата година.telefon polnac smrt

Кругер често имал обичај да го држи телефонот покрај себе, зошто меѓу другото, имал обичај да купува онлајн.

Токсиколошкиот извештај не откри траги од алкохол во неговиот организам, но пронајде морфиум, кој го добивал кога трпел неподносливи болки.

Патологот утврди дека на Марек Кругер му изгореле 64 отсто од телото, а по лицето и горниот дел од градите имал изгоренеци од прв степен. Експертите заклучиле дека „батеријата се прегреала и предизвикала пожар, зошто уредот му бил на прекривката и топлината не можела да циркулира“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1