Го фатиле додека се обидувал жива да си ја закопа ќерката


Индиската полиција соопшти денеска дека уапсила маж, осомничен дека се обидел жива да ја погребе сопствената девет годишна ќерка во североисточната држава Трипура, јави ДПА.

Полицијата добила сигнал од соседите, кои виделе завчера како мажот се обидува да ја погребе ќерката во дупка во задниот дел од куќата.grob-630x423

Според еден од соседите таткото му ги заврзал рацете на девојчето, му ја затворил устата и ја закопал до вратот.

Мажот е уапсен под обвинение за убиство со предумисла.

Девојчето е хоспитализирано во мошне тешка состојба. Мајката на детето не била во домот, досега се случувала трагедијата.

Соседите изјавиле дека таткото не сакал да има ќерка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1