Талибанци го убиле поранешното момче на Бритни Спирс


Џон Сундахил, одликуван пилот на хеликоптер и поранешен партнер на Бритни Спирс е убиен во Авганистан, а „Mirror“ објавува дека го убиле талибанските сили.

Сундахил управувал со хеликоптерот на подрачјето на Кабул, каде во приватен аранжман превезувал службеници ширум Авганистан. Братот на убиениот пилот рекол дека 44-годишниот Џон во Авганистан дошол да им помага на луѓето.Britni-Spirs-650x433-630x420

Скршени сме. Џон таму отиде да се обиде да ја поправи земјата. Се обидуваше да им помогне на луѓето, често зборуваше дека земјата западнала во хаос, рекол неговиот брат Карл.

Бил на пат за Кабул, кога неговиот хеликоптер е срушен. Државните службеници ни рекоа дека тоа го направиле талибанците. Моите родители се стари, па ова и нив им падна многу тешко, рекол братот на убиениот пилот.

Телото на убиениот пилот е пренесено во САД, каде што семејството одржало мала миса за погинатиот во будистички храм во Лос Анџелес.

Џон беше будист, па во согласност со неговите желби, погребот е одржан во будистички храм, рекол Карл, братот на Џон.

Џон Сундахил е познат во јавноста по својата врска со Бритни Спирс. Парот се запознал после групната поддршка за алкохоличари во 2007 година во Лос Анџелес, а славната пејачка јавно му се заблагодарила за неговата улога во нејзината борба со алкохолот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1