Управата од супермаркетот во индискиот град Букит Мертајам направи преседан, кога неговите вработени во кражба уловиле 31-годишен невработен маж.
Мажот очајно се обидел да украде од производите на маркетот за да ги нахрани своите две гладни деца од 5 и 7 години, а сопругата му завршила во болница, откако имала спонтан абортус. Пари за храната немал, бидејќи не бил вработен, Но вработените наместо да го пријават во полиција му понудиле работа.
Кога ја дознале позадината на неговиот живот, сопственикот на маркетот се откажал од прогонство на гладниот човек, па одлучил да му понуди работа за повеќе да не мора да краде и да го прехрани своето семејство.
– „Не одобруваме кражба, но овој случај беше навистина посебен. Ја проверивме неговата состојба и се што раскажа тој беше вистина. Разбираме дека бил приморан на овој чин“, изјавил соговорник.