Вчера во 13.30 часот во Полициска станица Центар И.Е.(44) од Скопје пријавил дека околу 00,15 часот во кафе бар во Скопје додека бил со негов пријател му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во безсознание.
Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.