Го пронајде ли Хрватска телото на исчезнатата Антонија? – најдени коски, новинарите не смеат близу


Последен пат каде што е лоциран сигналот на телфонот на Антонија Билиќ, девојката која пред неколку години беше прогласена за исчезната, е местото Јосипдола во близина на Фалује.

Токму на ова место хрватската полиција пронашла дел од човечки коски. На местото на настанот се наоѓале голем број на полицајци и службени лица, додека новинарите се задржани подалеку местото.


Тамошниот окружен обвинител Младен Крајациц, потврди дека пронајдените фрагменти се човечки коски, но засега не може да се утврди дали станува збор за маж или жена.

Остатоците ќе бидат префрлени на Институтот за судска медицина во Загреб, каде ќе бидат подложни на ДНК анализа за да биде утврден идентитетот на жртвата.

40 год затвор за Паравиња – телото на 17 год Антонија сеуште го нема (Видео/Фото)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1