Го срамниле со земја: Русите го уништиле командното место на терористите


Бомбардер Су-34 на руските воздухопловни сили го уништил командното место на терористичката организација Џабат ал-Нусра во сириската провинција Хомс, соопшти денес портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.rusija-sirija

Нападот бил изведен на командната позиција на екстремистите, припадници на групата Џабат ал-Нусра во областа Тел-Бисао, во провинцијата Хомс, рекол Конашенков, пренесува ТАСС.

Тој навел дека терористите воспоставиле командно и контролно место во двокатната зграда, во чија близина се наоѓале четири џипови со автоматски пушки од голем калибар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1