Објектот WTF: Не знаат што е, но сигурни се дека ќе падне на Земјата на 13-ти ноември


Мистериозен објект наречен WT1190F на 13-ти ноември ќе падне во Индискиот океан во близина на брегот на Шри Ланка.

Не се знае за каков објект станува збор, но се претпоставува дека тоа би можело да биде некое парче од ракета од некоја од неодамнешните мисии на Месецот, или пак може да се работи за предмет стар со децении, можеби уште од времето на „Аполо“ мисијата на НАСА.Asteroid1

Се претпоставува дека најголемиот дел од објектот со големина од два метри дека ќе изгори во атмосферата, а научниците тврдат дека воопшто не претставува опасност за луѓето. Овој објект ќе им помогне на научниците да го проучат начинот на кој таквите предмети реагираат на земјината атмосфера.

„Тоа е загубено парче од вселенската сторија кое што сега доаѓа да не прогонува“, изјави Џонатан МекДовел, астрофизичар од Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика за Nature.

Бил Греј, независен девелопер на софтвер за астрономски потреби кој го следи овој објект заедно со астрономите на НАСА вели дека според начинот на кој што предметот патува кон Земјата, најверојатно има некаква шуплина на него. Од НАСА тврдат дека овој објект го имаат откриено уште пред две години, пренесува ESA.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1